Видео: Од втората концертна вечер на „Илинденски денови“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На втората фестивалска вечер на Илинденски денови, пред битолската публика во Пациото на Завод и музеј – Битола, настапија неколку културно-уметнички друштва и ансамбли на вечерта посветена на традиционална музика и песна.

Публиката имаше можност да ужива во изведбите на Оркестарот на народни инструменти „Рудина“ од Битола, КУД „Дримкол“ од Вевчани, АФ „Гоце Делчев“ од Битола, КУД „Бисер“ од Кичево, ФА „Китка“ од Истибања и КУД „Илинден“ од Битола.

Илинденски денови продолжува и вечерва на истата локација во Завод и музеј – Битола, од 20:30 часот, со што и официјално ќе биде затворено 50 јубилејно издание на овој фестивал, а таму ќе настапат Благојче Трајковски – кларинет и Елена Андоновска – вокал, во придружба на Група „Фонтана” и пријателите Тимко Чичаковски – канон, Ратко Даутовски – перкусии и Игор Милевски – виолина.

Share.