Викендов во Битола Фестивалот на музика од светот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од 18-ти до 20-ти септември во Битола ќе се одржи 12-то издание на Фестивалот на музика од светот.

„Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно, зошто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создаден дома“ вели Маја Андоновска-Илијевски директор на НУ Центар за култура-Битола кој е организатор на овој фестивал.

Во трите фестивалски денови публиката ќе може да ужива на Хераклеја на 18-ти септември каде ќе биде изведен музичко-актерскиот перформанс „Патеки“. Во изведба на Камерниот оркестар на Битола со настап на специјалниот гостин од Операта во Малме, Шведска Дарко Нешовски, потоа солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска. И актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.

Целиот перформанс е во режија на Јован Ристовски. Локацијата е Хераклеа, почеток во 19.30 часот.

На 19-ти септември е сместена ОФФ програмата.

За последната вечер, на 20-ти септември е најавен концертот на Владимир Четкар .

Концертите и настаните ќе се одржат по сите протоколи кои се предвидени за вакви настани.

Share.