Владата ја симна забраната, спортот продолжува со нормално функционирање

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Според одлуката на Владата донесена на последната седница, преставува со важење забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови.

Како што се наведува во соопштението од денешната седница, прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да започнат со организирање спортски настани со строго почитување на упатствата за натпревари, без публика и со запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите.

„На денешната седница, Владата донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите“, се вели соопштението на Владата.

Share.