Владата ќе обезбеди пари за Офицерски и за уредување на гробното место на Тоше

0
1491

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, објави дека Владата донела одлука да обезбеди пари за реконструкција за Офицерскиот дом во Битола, како и за уредување на гробот на Тоше Проески.

„Владата тукушто прифати да обезбеди средства за реконструкција на Офицерски дом во Битола и да се направи споменик на вечниот дом на Тоше Проевски во Крушево“ – напиша Алаѓозовски на својот фејсбук профил.

http://24vesti.com.mk