Владимир Костов избран за почесен член на МАНУ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Владимир Костов избран за почесен член на МАНУ. На свечен начин му беше врачена дипломата за почесен член на МАНУ, на познатиот битолски писател, романисер и новелист Владимир Костов.

-Еден искусен литерат и филозоф кон не се возбудува но во овој момент се најде возбуда исто така и јас се чувствувам возбуден, макар што низ мојот живот минале многу идеи и многу чувства , за да се доживее еден ваков момент е навистина ретка среча , изјави Владимир Костов
15321423_10210047191927905_297736787_o
Инаку д-р Владимир Костов, кој минатата година стана член на Македонската академија на науките и уметностите е единствен академик кој живее и твори надвор од Скопје.

-Битните , суштинските карактеристики и вредности на литературата на Владимир Костов и сите они што можеа да се слушнат во неговото инспиративно и содржакно излагање промотивна беседа можат комплетно да бидат уверени дека тој потполно ја заслужува оваа почест, изјави Д-р Таки Фити , академик

Признанието на Костов му го врачи претседателот на МАНУ академикот Таки Фити, а за творештвото на Костов на свеченоста зборуваше академикот Ѓорги Старделов, како и претседателот на Друштвото за наука и уметност Битола д-р Марјан Танушевски.

-Она што исто така ми беше посебен восхит и мотив и предизвик е тоа што се совпадна во еден вистински момент во предвечерието на 8 ми Декември денот на св.Климент Охридкси и 11 Демекври денот на Македонските студенти , зијави Д-р Маријан Танушевски

Инаку МНД Битола и МАНУ успешно соработуваат, нивната соработка постојано се интензивира, тоа го докажува и со бројот на членови кои што од МНД Битола во МАНУ вкупно има 12 членови заедно со денешната промоција на Владимир Костов во почесен член на МАНУ

Share.