Власите од Битола: МПЦ ни ја зеде црквата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Преку ноќ по налог на Центаралниот регистар , Кумуната на власите Браќа Манаки од Битола останаа без својата Влашка црква. Сега велат е под надлежност на МПЦ. Додаваат дека таа никогаш не била во рацето на МПЦ и бараат враќање на истата.

-Црквата до пред неколку дена се водеше на Комуната на Власите Браќа Манаки од Битола. Преку ноќ во 23 часот и 32 минути во катастраот битолски таа премина во сопственост на МПЦ, конкретно на Митрополијата во Битола. Оваа црква откако се направи секогаш беше своина на Власите . Ние како Комуна на власите Браќа Манаки, сме официјални претставници и регистрирани како претставници на Власите. Последно време стана едно недоразбирање со МПЦ, конкретно со митрополитот Петар. Оваа црква откако се направи беше своина на Власите, ја имаше и во турско време на окупацијата и во Југославија. ВО турско под романската, во кралството југославија под српско, но беше тотално автономна, и ние сега после осамостојувањетоп ние ја признаваме единствено МПЦ. Меѓутоа таа црква ја направија, ја изградија и ја социдаа и е своина на Власите, и ние за тоа имаме документ, изјави д-р Нико Поп Никола ,Комуна на Власите
vlasi-1

За настаната промена разбрале случајно откако отишле да вадат документ за легализација во битолскиот Катастар

-Имавме дадено за денационализација план , проект, за приватизација, односно доградба, како за бесправно изграден објект за легализација, и ми беше пиобарано да извадам документ. При вадењето на документот видов дека во 23 часот е извршено бришење на Комуната на Власите Браќа Манаки и заведена на ПППЕ-Битола, односно на Митрополијата. Вчера пак бев , и од таму ми рекоа дека Центарланиот регистар ни даде таков документ , заведено е така со новата дигитализација, изјави Симеон Караболески, член на Комуна на Власи

Оставриле средба и со Вадиката Петар

– Кога бевме кај него тој се колебаше , ќе видам јас, ќе се консултирам .Црквата е ваша , ама е под јурисдикција. Сега наша е или не е наша? додаде д-р Нико Поп Никола

-Отидовме кај преспанско-пелагонискиот владика Петар и тој ни рече ќе ви дадам на писмено документ дека вие не сте корисници, туку сопственици. Што има да ни дава митрополитот таков документ, кога се знае кој дава документ за сопственост. Во катастарот велат дека Централниот регистар им дал таков документ, па со новата дигитализација имотот е поминат како имот на МПЦ, изјави Симеон Караболевски , претседател на црковниот одбор.

vlaska-crkva

Свети Константин и Елена позната и како Влашка црква претставува православен храм на влашката заедница  во Битола .

Упатија апел до надлежните што поскоро црквата да  биде вратена на Комуната на власите

Изградена во 1903 година, во рацете на Власите е од 1905 година, а  на новата локација постои од 1969 година, а во 1970 се одржала првата литургија.

Share.