ВМРО-ДПМНЕ брзо ќе се врати на власт

0
1521

„10-те пратенички групи се наше деловничко право, второ затоа што кога гледаме на каков незаконски начин се избра претседател, како се донесоа одредени закони. Гледаме поголема шанса за почести интервенции на координаторите за процедурални прашања, можности за подолги говори, со цел влијание, нормално и оддолговлекување ако нешто е штетно за граѓаните, да видат што се случува. Нашата цел е да работиме за подобро на граѓаните“ рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ НИкола Груевски во интервју за ТВ Нова.

Тој кажа дека имаат план да се вратат на власт и дека секако ќе се вратат на власт.

-Ако се прашуваше народот ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе беше на власт и ВМРО ќе се врати на власт. Се што сега работиме во партијата е само раздвижување кон локалните избори, каде победа неминовно ќе допринесе до нови парламентарни избори. Македонците што гласаа за Заев, а уште повеќе Албанците нека видат со кого имаат работа. ВМРО беше на власт и ќе врати на власт, со победа замина, со победа ќе се врати, порача Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски тврди дека не е виновен по однос на предметите на СЈО, туку дека се работи за политички прогон.

„Планот е да не затрупаат со празни обвиненија, без докази. Да се внесе сомнеж кај народот дека ние навистина сме работеле криминално. Ние не сме работеле криминално и затоа обвиненијата СЈО ги поднесе последниот ден, зошто до последно се трудеа нешто да закрпат, да напишат, да најдат сведок кој лажно ќе сведочи, да го заплашат и да направат конструкција дека сме виновни, односно да им личиме на луѓето дека сме виновни“, изјави Груевски.

Тој рече дека кривичниот прогон го очекувал, зошто целта на СДСМ преку СЈО му била да го заслабне ВМРО-ДПМНЕ, а Груевски да го отстрани од партијата. Во целата хајка, според Груевски, стоеле и некои надворешни центри, но не сакаше да открие на кои мисли.

За случајот „Титаник“, во кој Груевски е обвинет за криминални избори во изминатите неколку циклуси, рече дека тој предмет се темели на една единствена изјава против него.