Во Барселона протест за поддршка на уапсените каталонски лидери

0
260

Во Барселона повторно се одржаа протести за поддршка на двајцата каталонски сепаратистички лидери, кои ја поддржуваат независноста на Шпанија. Учесниците, чиј број достигна до околу 200.000 луѓе, побараа ослободување на Жорди Санчес и Жорди Куишарт, водачите на „Националното собрание на Каталонија“ и „Омниум култура“. Тие се осомничени за поттикнување бунт.

Дел од присутните, преку палење свеќи, изразија солидарност и скандираа „не сте сами“ и „слобода“. На протестот се придружија и претставници на каталонската регионална влада, како и на градското собрание на Барселона.