Во Белорусија солзавец и водени топови врз демонстрантите по изборите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Белоруските безбедносни сили се судрија со демонстрантите во Минск и во други градови, откако излезните анкети покажаа огромна предност за актуелниот претседател Александар Лукашенко на вчерашните претседателски избори во земјата. Главниот кандидат на опозиција одби да ги признае овие резултати. Белоруската државна телевизија објави дека соред анкетата Лукашенко имал 79,7 проценти од гласовите.

Проценето е дека неговиот главен ривал Свајтлана Циханускаја, кој привлече огромен број луѓе на митинзите низ целата земја, доби 6,8 проценти. Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Минск, каде што имаше остри судири. Полицијата стрелала со гумени куршуми, водени топови и солзавец во неколку делови на Минск. Во сцените за насилство објавени на Твитер од независниот весник Tut.by, полициските службеници биле видени како ги тепаат демонстрантите. Луѓето можат да се слушнат како извикуваат „Ова е нашата земја”. Групата за човекови права со седиште во Минск, Вјасна (Пролет) соопшти дека 126 лица биле приведени во целата земја, вклучително и 55 во Минск. Вјасна исто така рече наведе дека двајца од приведените се повредени. Меѓу приведените имало 16 новинари и 40 набудувачи, се вели во извештајот. Судири имало и во Брест.

Државната новинска агенција Белта соопшти денеска дека полицијата ја презела контролата врз ситуацијата. Циханускаја на прес-конференција изјави дека не ги признава резултатите од излезната анкета. „Верувам во очите и гледам дека мнозинството е кај нас“, рече таа од нејзиниот штаб. Во текот на денот на изборите, полиција и војници го опколија Минск и зазедоа позиции на стратешките места во пресрет на немири. Јавниот транспорт беше ограничен и во Минск во очигледен обид на властите да спречат протести.

slobodnaevropa.mk

Share.