Во Битола денеска 37, а утре до 23 степени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

42 Гевгелија, 40 Д. Капија, 38 Струмица, Штип, 37 Битола, Тополчани, Прилеп, 36 Виница, 34 Скопје, Берово, 33 Претор, Охрид, 32 Тетово, Кр. Паланка, 30 Ѓуриште, Пожаране, 26 Маврово, Лазарополе. Ова беа денешните максимални температури.

Претпладне беше сончево и се потопло. Мала облачност се појави во пладневните часови. Попладне најпрвин на запад во Лазарополе започна дожд, а подоцна врнежи од не многу интензивен дожд има во Тетово и во Скопје Петровец. Грмежите започнаа попладнево на северозапад, а повремени грмежи има и доцна попладнево. Наместа и особено во Пелагонија и вдолж Повардарието дуваше и засилен ветер претежно од запад и северозапад.

Вечерва и преку ноќта ќе биде променливо на југ уште многу топло, а на север и кон североисток со повремен дожд и со појава на поретки грмежи, ќе дува повремено силен северозападан ветер. Повремено и во првиот дел од ноќта ќе има врнежи од дожд и во Скопскиот регион.

Времето утре променливо облачно и свежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд кон пладне со појава и на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престануваат. УВ=6 Т-мин. од 13 до 20 а т-мин. 21 до 29 степени.

Утре ќе преовладува променливо и свежо време со локални врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за околу 10 степени. Во вторник сеуште ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе започне период на стабилно време со постепено покачување на температурата. За следниот викенд ќе има изгледи за нови врнежи и нестабилност.

Share.