Во Битола и Охрид откриен алкохол со сомнително потекло

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамките на засилените контроли на даночниците кои се спроведуваат редовно во екот на летната сезона, во два деловни објекти во Битола и осум во Охрид откриени се неправилности во финансиското работење, односно неевидентирање на прометот во готово и не неиздавање на фискални сметки, поради што истите “заработија” парична глоба и мерка времена забрана за вршење на дејност од 15 дена.

Исто така, при контролите спроведени во текот на викендот, од страна на инспекциските служби на УЈП во еден угостителски објекти во Битола и два во Охрид откриен е алкохол со сомнително потекло (без бандероли) кои се служел на гостите, поради што повикани се мобилните царински служби за понатамошно постапување и преземање на мерки.

Во наредниот период, УЈП особено ќе се фокусира на проверка на работењето на деловни објекти во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и од потенцијален даночен ризик кај определени дејности кои се особено активни во овој период од годината.

Share.