Во Битола се бараат возачи, монтери, продавачи, хигиеничари…

0
8207

40-на фирми и организации од Пелагонискиот регион денеска со свои штандови се претставија пред битолчани на Саемот за вработување, кој што Агенцијата за вработување на Република Македонија како организатор, го одржа по втор пат во Битола. Битолчани имаа можност одблиску да се запознаат со работата, и да поразговараат со дел од одговорните лица од компаниите, кои што денеска беа присутни.

-Вториот саем за вработување во Битола нуди можност на сите лица што бараат работа директно да разговараат со работодавачите, а тие, пак, да се информираат со профилот на лицата што бараат работа. Верувам дека многу биографии денеска ќе станат реалност, односно нови вработувања или со други зборови оние што бараат работа, ќе најдат работа,изјави Влатко Поповски директор на Агенција за вработување на Р.Македонија.

Според информациите од Центар за вработување во Битола, се евидентирани се 5.550 невработени лица, а најголем дел се со ниско образование.

– Во моментов на пазарот на трудот се бараат кадри со средна стручна подготовка, односно возачи, монтери, хигиеничари, продавачи, а се бараат и лица со познавања од информатички технологии, странски јазици и други струки, изјави Јешим Сејфуловска, раководител на Центар за вработување-Битола.

Голем број на биографии беа оставени кај потенцијалните работодавачи, со надеж дека меѓу нив ќе го најдат соодветниот кадар кој што им е потребен.

Ова е трет циклус Саеми за вработување кој се одржува во повеќе градови во Македонија.