Во јавниот повик за климите и точка за етичко и законско однесување

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како што веќе објавивме Општина Битола го објави јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

Во повикот има неколку точки околу постапката како ќе се одвива овој јавен повик, односно доделувањето на субвенцијата.

Во точката 6 во јавниот повик се зборува за забрана за корупциско и измамничко однесување.

6.1. При спроведувањето на постапката по јавниот повик, доследно ќе се применуваат
највисоките стандарди за етичко и законско однесување како од страна на службените лица од
Општина Битола, така и од учесниците на јавниот повик. Се забранува секој вид на
корупциско и измамничко однесување.
6.2. Во смисла на овој јавен повик:
– „корупциско однесување“ значи нудење, давање, примање или барање на било каква
вредност со цел да се влијае врз активноста на службено лице од Општина Битола во процесот
на аплицирање или при распределувањето на средствата и
– „измамничко однесување“ значи погрешно претставување на фактите за да се влијае врз
процесот на аплицирање и распределувањето на средствата на штета на Општината.
6.3. Доколку при спроведувањето на постапката по јавниот повик се утврди дека некој барател
е вклучен во корупциски или измамнички практики при аплицирањето, неговото барање ќе
биде офрлено, а доколку тоа се утври по завршувањето на јавниот повик и по исплатата на
средствата, ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи и институции, стои во јавниот повик кој денеска беше објавен.

 

 

Share.