Во Крушево ново спомен обележје за Тоше Проески

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска, претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Крушево Томе Христоски и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, присуствуваа на откривање на спомен обележјето на Тоше Проески и положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.


Посебен момент и големо значење на настанот дадоа и маратонците кои трчаа од Табановце преку Скопје до Крушево за да одадат почит на музичкиот великан Тоше Проески.

„Од денеска натаму имаме вечно почивалиште и спомен дом достојни за големината на Тоше Проески.

Тоше никогаш ниту физички, ниту духовно не го напушти Крушево. Таа негова присутност е силна и денеска и духот од песните и споменот на Тоше денеска се дел од препознатливата иконографија за Крушево, полно со историски знаменитости и современи атракции кои го направија градот важна и посакувана дестинација во меѓународни рамки.
Наша обврска останува и понатаму достојно да му се оддолжиме за неговиот придонес со постојано сеќавање на неговите музички и хуманитарни остварувања.
Треба да сме му бескрајно благодарни, да го чуваме неговото дело и да го пренесуваме на идните поколенија, кои гордо ќе го спомнуваат и ќе ги пеат неговите песни“ , рече премиерот Заев.

 

Share.