Во невреме во Москва загинаа 13, а 105 се повредени

0
966

Најмалку 13 лица загинаа денес, а повеќе десетици се повредени во силното невреме што ги погоди Москва и околината, соопштија руските власти.

Бројот на повредените лица при ураганот во Москва се искачи на 137 лица, пренесува ТАСС, повикувајќи се на информации од итните служби на руската престолнина.

„Во моментов 137 лица побарале лекарска помош. Ова не е конечна бројка“, изјави изворот на агенцијата.

Локалните медиуми наведуваат дека силните ветрови искорнаа над 1.000 дрвја. Според некои податоци, ветрот кревал во возух луѓе и потоа ги фрлал на земјата.

За последниве 100 години, денешниот ураган е најсмртоносен. На 21 јуни 1998 година Москва беше зафатена од силна бура во која загинаа 9 лица, а беа повредени уште 165. Пред тоа слична смртоносна стихија е регистрирана во 1904 година. Според официјалните податоци, во неа загинаа исто така 9 лица.