Во рекордно време „Водовод“ ја заврши работата на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска „Водовод“ ја заврши интервенцијата на водоводната мрежа на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“ и по асфалтирањето на прекопите, улицата е пуштена за сообраќај.

„Водовод“ овде изведуваше комплетна промена на водоводните приклучоци на објектите кои се на оваа улица, односно се менуваат старите поцинковани со полиетиленски цевки, како дел од проектот за реконструкција на оваа улица.

Како што велат од јавното претпријатие, реконструктивните зафати ги завршиле во рекордно време за нецели 30 дена, иако планираната активност беше 60 дена.

Share.