Во стампедо повредени околу 400 навивачи на Јувентус

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Околу 400 навивачи на Јувентус, кои синоќа на плоштадот во Торино го следеа финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, се повредени во стампедо по паника од експлозија на бомба.


Паниката на плоштадот „Сан Кало“ настанала кога се слушнала силна експлозија по која луѓето почнале да бегаат на сите страни. Новинари на АФП велат дека хаосот настанал десет минути пред крајот на мечот и наводно бил предизвикан од експлозија на пиротехнички средства, по што еден или повеќе навивачи извикале „бомба“.

Плоштадот набрзина бил евакуиран, а полицијата соопшти дека околу 200 навивачи побарале лекарска помош, додека двајца од нив биле сo сериозни повреди.

Share.