Во тек е фестивалот „When in Krusevo“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Авантурите со When in Krusevo outdoor фестивал не изостануваат и оваа година!
Земајќи ги во предвид сите безбедносни мерки и препораки, како одговор на Covid-19, другарите како што се нарекуваат од Outdoor Manifest оваа година го организираат фестивалот во поинаков, но не и помалку возбудлив концепт!

When in Krusevo оваа година се случува по четврт пат во периодот од 01 – 10 август 2020. Во рамки на фестивалот и оваа година се вклучени многу спортски и outdoor активности и поволности: адреналински параглајдинг погледи, незаборавни јавања низ крушевската природа и планинарски тури низ прекрасните крушевски предели, трчање, кајак, SUP, качување на вештачка карпа и други настани.

Доколку учествувате на фестивалот од огранизација истакнуваат дека добивате уникатна фестивалска маичка, подароци од партнерите и поддржувачите на фестивалот, како и бројни поволности и попусти. Карти може да се купат онлајн на МкТикетс или преку нивната продажна мрежа.

Од таму велат дека доколку бидете дел од овој outdoor фестивал When in Krusevo добивате 100% чист воздух, ѕвездени ноќи, свежи утра и многу авантури за време на вашиот престој во славното Крушево.

Share.