Во Турција делумна забрана за излегување за викенд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Турција од денеска стапува на сила делумна забрана за излегување за време на викендите.

Според новата мерка, на граѓаните нема да им биде дозволено да излегуваат надвор од 20 часот во сабота до 10 часот во недела и од 20 часот во недела до 5 часот наутро во понеделник.

Другите дополнителни мерки во борбата против коронавирусот, кои стапуваат на сила од 20 часот вечерва, предвидуваат работно време на трговските центри, продавниците за храна, фризерите само во интервал од 10 до 20 часот; како и затворање на кино салите, концертните сали, театрите и спортските сали.

Од вечерва, рестораните ќе нудат или доставуваат само храна за дома.

Share.