Во вчерашната сообраќајна контрола во Битола изречени 233 санкции

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерството за внатрешни работи вчера (17.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола.

Притоа, изречени се вкупно 233 санкции, меѓу кои 27 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 40 за возење без возачка дозвола,34 за пречекорување на брзина. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР:

 

Share.