Водовод: Некој ја оштетува водоводната цевка за село Алинци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Битолски „Водовод“ алармира за ситуацијата со намерно оштетување на цевката за вода која поминува кај мостот за селото Алинци.
Изминатите денови како што велат од „Водовод “ забележано е олабавување на цевката, најверојатно за наводнување на нивите, а сега е забележао и нејзино дупење со нож или друг остар предмет.
Се работи за цевка преку која со вода се снабдуваат жителите, но како што велат од „Водовод“ ако ова продолжи, тогаш можно е да се случи подолг период да останат без вода.
Затоа од „Водовод“ апелираат жителите да го пријават сторителот или сторителите и велат дека  полицијата ќе врши засилени контроли.
Share.