Врачено решението на новиот градоначалник на Општина Новаци

0
1445

– Благодарност до општинската изборна комисија која беспрекорно си ја заврши својата работа, како од почеток па се до крај, исто така голема благодарност и до граѓаните кои својата цел да излезат и да гласаат без никакви проблеми во првиот и во вториот изборен круг си ја завршија беспрекорно својата работа согласно Законот за избори, а сакам да напоменам дека ниту во првиот изборен круг, ниту во вториот во Општинската комисија немало доставено жалби, поплаки, прегласувања и сл. Инаку мнозинството во Советот според првиот круг на избори СДСМ и коалицијата имаат четири советници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ исто така има четири советници и еден независниот кандидат за градоначалник со независната листа. Сме во преговори меѓутоа мислам дека ќе ги дефинираме за ден до два и мнозинството ќе го имаме во секој случај во Советот на Општина Новаци, изјави Љубе Кузмановски градоначалник на Општина  Новаци