Времето сончево со мала до умерена облачност

0
892

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер.

УВ индексот ќе изнесува 8. Минималната температура од 11 до 20, а максималната ќе се движи од 27 до 35 степени.

Од попладне, преку ноќта и за време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен.