Втор ден од посетата на Заев во Софија, во фокусот економијата

0
423

Претседателот на владата, Зоран Заев во рамки на официјалната посета на Бугарија заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе оствари средба со министерката за енергетика Теменушка Петкова.

Вториот ден од посетата е посветен на економијата. Заев во Бугарија е придружуван од вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, министрите за надворешни работи Никола Димитров, за транспорт и врски Горан Сугарески и за култура Робeрт Алаѓозовски.