Втор круг од локалните избори

0
584

Вториот круг од локалните избори се спровува во 35 општини, на 1.517 избирачки места каде право на глас имаат 833.710 граѓани.

Втор круг има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.