Второ ликовно матине на ” Малиот битолски Монмартр “

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамките на битолското културно лето Бит Фест синоќа во старата битолска чаршија пред платотот на Малиот битолски Монмартр се отвори второто ликовно матине на Монмартр 2017.
Целта на изложбата е да заживее чаршијата, место каде учецниците ги поминуваат незаборавните денови за време на нивниот престој во Битола, а граѓаните, гостите и туристите да се запознаат со големото ликовно богатство со кое располага Битола и Република Македонија.

– Во светот не случајно Малиот битолски Монмартр го зазеде своето место и е наречено светски град на детското ликовно творештво. Од 23 до 30 мај Битола беше метропола на детското ликовно творештво од целиот свет. Повеќе од 100 млади таленти беа гости на љубезните домаќини, кои во изминатите 36 години ги дочекуваат и испраќаат во своите држави саканите гости. И овој пат сите учесници на годинашниот „Монмартр“ го доживеаја фестивалот како ликовна бајка, а Македонија како земја со гостопримлив народ, изјави Коста Хаџи Антоновски Мал Битолски Монмартр

На изложбата има 150 најдобри дела од 600 создадени за време на седумте фестивалски дена во Битола, Вевчани и во Охрид, на тема „Старата македонска архитектура“.
Изложбата ќе има патувачки карактер и ќе посети повеќе места во земјава и надвор од нејзините граници.

 

Share.