Win-Win форум по повод Денот на основањето на битолскиот Универзитет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес по повод Денот на основање на Битолскиот универзитет се одржа њин њин форум, за соработка на Универзитетот со работодавачите за поквалитетни и поатрактивни студиски програми. На едно место, стотина учесници идентификуваат потребните знаења и компетенции што ги очекуваат работодавачите, со цел академската заедница да ги прилагоди студиските и предметните програми на пазарот на труд.

-Бевме поттикнати од идеата да излеземе од оние стереотипи при прославување на една свечена Академија, и рековме заедно со оние кои што го сочинуваат т.н триумвират во функционирањето, а тоа е академска заедница,студенти, бизнис и небизнис заедница и да се соочиме со предизвиците. Тие од секогаш постоеле, но ајде да видиме од денес да направиме една мини стратегија што понатаму, затоа што одлагањето не го решава проблемот. Ние ги тргаме предрасудите на академската заедница, отворено влегуваме во овие активности, и се надеваме дека за доброто на студентите и за доброто на бизнисот, но и за доброто на Универзитетот, ќе влезиме во еден систем на редефинирање на студиските програми според потребите на бизнис и небизнис секторот, но и според потребите на нашите студенти, рече проф.д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“.

Бранко Азевски претседателот на Стопанската комора на Македонија рече дека најголем проблем кој што ја оиптеретува бизнис заедницата е  врската помеѓу образованието на кадрите и испорачување на тие кадри во бизнисот. Додаде дека проблемот не го имаме само ние како држава, тој проблем го има и на Балканот па и во развиените земји.

-Доминантен проблем кој што ја оптеретува бизнис заедницата е токму врската помеѓу образованието на кадрите и испорачување на тие кадри во бизнисот за да може да се оствари некоја повисока стапка на раст. Можам да потврдам дека нашите анкети од Стопанската комора на Македонијаи од контактите кои што ги имаме со фирмите покажуваат дека тоа е најголем проблем и тоа во три нивоа: во делот на испорачување на кадрите кои што се потребни во стопанството, во делот на менаџерскиот кадар и во сопственичкиот кадар кој што е без искуство, рече Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Македонија.

Присутните имаа можност да проследат презентрации од истакнати претставници на работодавачите.

-Јас ќе се осврнам на состојбата од недостаток на квалитетни кадри во областа на прехрамбената индустрија, ќе дадам и некои сугестии во излагањето, на Технолошко-техничките факултети, Биотехничките факултети да се обидат да ги променат програмите, во правец каде од искуството мое кое го имам веќе скоро 50 години во оваа област , со цел идните кадри кои ќе ги добиваме во стопанството каде што ни се потребни високо квалитетни кадри, ги добиваме такви какви што ни требаат, за да  овие тешкотии кои денес ги имаме и на планот на развојот, пласманот и пробивање на светските пазари, многу побрзо ќе ги совладаме, рече Симон Наумоски, претседател на Одборот на директори на Витаминка.

Изминатите денови битолскиот универзитет со повеќе активности го одбележа овај ден, 39 години од неговото постоење.

Share.