За породилното отсуство пред епидемијата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

До редакцијата на Телевизија Тера се обратија неколку гледачи кои велат дека имаат проблем со тоа што непосредно пред започнување на епидемијата во земјава, им завршило породилното отсуство и сега се соочуваат со проблем – не можат да добијат дозвола од работодавачите за еден од родителите да остане дома и да се грижи за детето, бидејќи немаат потврди од градинка дека истото било запишано. Тие практично немале ни можност да го запишат со оглед на тоа што градинките беа затворени.
Ова прашање пред неколку дена му го поставивме и на министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, а тој кажа дека отсуството важи и за оние мајки на кои непосредно пред епидемијата им завршило боледувањето. Тие велат дека тоа го слушнале од министерот, но дека и покрај тоа, работодавачите им велат, односно им бараат да видат каде има таква уредба. Исто така се обратиле и до министерство за труд и социјална политика и до Центарот за социјални работи во Битола, но немале решение.
Во одговорот кој до нашата редакција го испратија од Министерството, стои дека Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба.
Во Уредбата со законска сила, помеѓу другото, се уредува и примената на Законот за работните односи за времетраење на вонредната состојба, во делот на остварувањето на правото на платено отсуство од работа на работничка која користи отсуство за време на бременост, раѓање и родителство и посвојување на дете, и надоместокот на плата на работникот кој користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство.
Од Министерството велат дека со Уредбата се утврдува дека отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19.
Оваа одредба од Уредбата се однесува на работничките на кои им завршило законски утврденото отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, по прогласувањето на вонредната состојба, т.е. од 18.3.20120 година.

Дополнително по барање на Министерството за труд и социјална политика, Главниот координативен штаб донесе заклучок и мајките чие породилно отсуство завршило по отпочнување на времените мерки, од 11.03.2020, а пред почнување на вонредната состојба, до 17.03.2020 ќе бидат ослободени од работа и работни активности.
Отсуството ќе биде оправдано со приложување на соодветна лична писмена изјава до работодавачот, покрај веќе приложената потврда од матичен гинеколог за завршување на нивното породилно отсуство, стои во одговорот од Министерството за труд и социјална работа.

Share.