За проекти на Западен Балкан 1,3 милијарди евра

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Европските лидери со позитивна најава за Македонија во пресретет на Самитот „ЕУ – Западен Балкан“ во рамки на Берлинскиот процес кој ќе се одржи на 12 јули во Трст. Во фокусот европската перспектива на Македонија и регионот.

Организиран на највисоко дипломатско ниво на самитот покрај премиерите на шесте земји од Западен Балкан и министрите за економија и транспорт на иста маса ќе седнат и шефицата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан, како и еврокомесарот за транспорт Виолета Болц кои имаат одлучувачка улога за придвижување на евроинтеграциите и можат да донесат конкретен исчекор во однос на економско јакнење на западен Балкан.
Во пресрет на самитот евроамбасадорот Семуел Жбогар со позитивни пораки за јакнење на финансиската кондиција на регионот за која се обезбедени 1,3 милијарди евра за Западен Балкан, средства кои треба да се искористат до крајот на 2020 година за проекти во областа на инфаструктурата, енергетиката, животната средина, и на иновациите.
Share.