define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); Забрана за влез на туристите во кафулињата со марихуана? - ТЕРА

Забрана за влез на туристите во кафулињата со марихуана?

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи да им се забрани влез на туристи во познатите кафулиња во градот со марихуана.

„Голем број туристи доаѓаат во Амстердам само за консумирање на лесни дроги, а таквите туристи станаа непријатни“, рече таа.

Халсема, член на Зелената партија ГроенЛинкс, е градоначалничка од 2018 година.

„Амстердам е космополитски град и ние сакаме туристи, но би сакале тие да доаѓаат поради неговата убавина и култура“, рече таа.

Канабисот е технички нелегален во Холандија, но поседувањето помалку од пет грама за лична употреба е декриминализирано во 1976 година.

извор: makfax.com.mk

Сподели