Забрањено пушење и Conquering Lion на годинешното издание на БОГ

0
656

Оваа година главни ѕвезди на големата сцена на Широк Сокак во рамките на
фестивалот “БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД 2017”, се култниот сараевски рок бенд
Зaбрањено пушење и  македонските реге предводници CONQUERING LION.

Двете групи ќе настапат во среда на 28 јуни, со почеток во 21 часот на Широк
Сокак во Битола, во рамките на главниот музички хепенинг на фестивалот, во
организација на Младинскиот културен центар од Битола.

Со гостувањето во рамките на овој меѓународен фестивал “Забрањено
пушење”, премиерно настапуваат во Битола. Публиката, која традиционално во голем број го посетува фестивалот, ќе има можност да го проследи настапот
на овој реномиран бенд формиран во 1980 година од неколку сараевски
гимназијалци.

Нивните концерти ги посетува бројна публика, а нивните албуми се
продаваат во тираж од стотици илјади примероци. Досега имаат снимено девет
студиски албуми. Со нивните експлозивни настапи, легендарните
“Забрањено пушење” одамна го носат епитетот на бенд кој што мора да се види
во живо.

Македонскиот реге бенд “Conquering Lion” годинава одбележува 10 годишно
успешно егзистирање на музичката сцена
низ годините стекнувајќи голема популарност и на европската музичка
сцена. Љубов, мир и разбирање е пораката која веќе една деценија ја пренесуваат
преку реге музиката во која вметнуваат и модернистички елементи, комбинираат
фанк и хип хоп.
Во фокусот на публиката во моментот е нивниот најнов, четврт по ред, студиски албум “Land of confusion”. Албумот содржи девет песни во
комбинација на жанровите реге, њу рутс и даб.

Сите настани на фестивалот “Битола отворен град” ќе се одвиваат
на отворено и без влезници, со што енергијата на  “Забрањено пушење” и
“Conquering Lion” ќе стигне до поширока публика.