Забранет влез за руските дипломати во конзулатот во Сан Франциско

0
323

Властите на САД не им дозволиле на руски дипломати да влезат во зградата на Генералниот конзулат во Сан Франциско и да ја земат архивата, соопшти руската Амбасада во САД на својата интернет страница.

– Властите на САД не ни дозволија да влеземе во зградата на рускиот Генерален конзулат во Сан Франциско, кој со нивна одлука е затворен на 2 септември оваа година, за да ја изнесеме конзуларната архива. Наместо тоа, сами ја спакувале и ја преселиле во Вашингтон, се наведува во соопштението на Амбасадата.

Вашингтон на 31 август годинава побара од Москва од 2 септември да ги затвори генералниот конзулат во Сан Франциско и двете дипломатски одделенија во Њујорк и Вашинготн каде се сместени трговските мисии.

Потегот се смета како реципроцитет на одлуката на Москва да му наложи на Вашингтон да го намали бројот на дипломатските претставници во Русија на 455 луѓе, со што би биле изедначени со бројот на руските дипломати во САД.