Заев: Добрите работи ќе ги продолжиме, лошите ќе ги смениме

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Добрите работи што се започнати од досегашната влада нема да ги прекинеме, тоа што не чини ќе го смениме, порача мандатарот Зоран Заев во обраќањето пред гласањето во Собранието, вклучувајќи ги тука изградбата на автопатиштата и на инфраструктурата.

Заев им одговори на сите пратеници што говореа овие два дена на собраниската седница. „Никола Груевски денеска ги зборуваше истите работи што ги зборува последниве месеци“, рече Заев.

Во однос на името најави дека новата влада ќе разговара со опозицијата и одлуката ќе се носи со консензус, а потоа ќе се организира референдум. Но, како што рече, во функција на наоѓање решение, а не да се блокира.

Претседателот на СДСМ рече дека никој нема да има контрола во правосудството.

Мандаторот Зоран Заев во своето обраќање пред гласањето на новата влада соопшти дека го добил одговорот од СЈО и дека до овој момент не е поведена истражна постапка против предложените кандидати за министри.

“– За сите 25 кандидати за министри, како и за мене, СЈО нема поведено истражна постапка. ” – истакна Зоран Заев.

Share.