Заев не размислува за предвремени избори, а бил подготвен за сорабка со сите пратеници

0
504

Засега не размислувам за предвремени парламентарни избори, приоритет е завршувањето на локалните, вели премиерот Заев.

Премиерот Зоран Заев изјави дека е информиран во врска со одлуката на пратеникот Чедормир Саздовски да ја напушти неговата партија ГРОМ и да делува како независен пратеник во Парламентот, ја почитува таа одлука и е подготвен за соработка со него, но и со сите пратеници за се што е од национален интерес и во ионтерес на сите граѓани.

– Јас сум и добар пријател со Чедо Саздовски, тој е поранешен претседател на наш општински огранок на Кисела Вода и сум имал средби како и со други пратеници во Парламентот. Секако дека сме разговарале, убедувајќи се сите заедно, да бидеме на една заедничка платформа со она што е заеднички интерес на Македонија. Јас ги поздравувам ваквите одлуки, и пружам рака на соработка, секако, и со пратеникот Чедо Саздовски, а верувам дека ќе има и други такви пратеници заради тоа што веројатно е природно да се случуваат вакви процеси. Она што за мене, како претседател на Владата на Македонија, е значајно да разговараме за се што е од интерес за сите граѓани, за се што е национален интерес на РМ и за се што е стратегија и приоритет на државата – Европа, НАТО, нашите соседи, унапредувањето на севкупните услови за живот, рече Заев.

– Сакам да ја повторам нашата порака и она што е наше очекување – силна опозиција значи силна власт, слаба опозиција значи забегана власт. И кажувајќи го тоа сакам да испратам чесна порака кон нашиот политички опонент, но истовремено да испратам порака за колку е возможно поголема конструктивност и во Парламентот, низ институциите на системот заради тоа што убеден сум целиот регион и РМ се можеби пред неповторлива шанса која што мора државата да ја искористи, рече премиерот Зоран Заев.