Заев: Од оградата може да се направат убави клупи за седење

0
1944

Премиерот Зоран Заев најави дека една од првите мерки на новата влада ќе биде тргањето на железната ограда што ја обиколува Владата. Новиот Премиер веќе ги отвори портите на Владата, но за целосно отстранување на оградата, како што кажа, треба да се види во законот за јавни набавки.

-Од бетонските столбчиња може да се направат клупи за седење, металните огради можат да бидат добар покривач на самите клупи, но да видиме што ќе кажат архитектите и инжинерите, вели Заев.

Тој вели дека неговата намера и интенција е да се отвори Владата за сите бидејќи тоа е објект каде што граѓаните треба да имаат слободен пристап.

– Тоа е објект каде што граѓаните треба слободно да пристапат, слободно да комуницираат, да бараат информации, сугестии и да биде практично отворено и функционално за она што значи отворена Влада за граѓаните, рече Заев.

Оградата која чини околу 700 илјади евра беше поставена во септември 2015 година.