Заев побара од ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспитаат одлуката за непризнавање на изборите

0
503

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев прогласи голема победа низ цела Македонија.

„Голема победа, им честитам на сите граѓани за овој празник на демократијата. Имавме демократски, фер и чисти избори, вистинска слика за волјата на граѓаните, резултатите беа очекувани за нас и противниците. Граѓаните ја потврдија победата и јасно се определија за поквалитетен живот за сите. СДСМ и коалицијата победи во огромен број на општини и добивме пораки дека земјата се движи во вистински правец. Уште од вечерва ја продолжуваме акцијата за живот и решавање на проблемите на граѓаните, има огромни очекување кои не смее да се разочараат. Не смее да има еуфорија, ќе работиме напорно. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го преиспитаат својот став за кој и самите знаат дека поми . Ги разбирам овие тешки моменти во кои се наоѓа раководството на нашиот политички противник, но треба да се однесуваат како сериозен политички субјект и треба да дадат придонес за реформите. Апелирам во прв план да ги стават интересите на граѓаните. Нека ни е вечна слободата, да живее европска и просперитетна Македонија“, рече Заев.