Заев утре во Брисел

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев утре во Брисел ќе има средби со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Заев во Брисел ќе биде придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Се очекува да се разговара за можностите за деблокирање на членството на Македонија во НАТО. Премиерот Заев неодамна изјави дека се надева оти Македонија многу брзо може да стане членка на НАТО под привремената референца, а паралелно да продолжат разговорите со Грција за спорот за името и надградување на мерките за доверба меѓу Скопје и Атина.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, најави дека Могерини и Хан на средбата со Заев ќе ја повторат својата подготвеност за поддршка на новата Влада, како и на опозицијата, во нивните напори конструктивно да се испорача нивната заедничка цел за реформи поврзани со ЕУ.

Share.