Загина тракторист од с.Живојно

0
700

На 14.10.2017 година во 15,15 часот во ПО-Новаци, пријавено е дека дошло до несреќен случај во кој Ј.П.(69) од с.Живојно, при вршење земјоделски работи со трактор „Тафе 42“, на кој била приклучена сеалка, во еден момент се симнал од тракторот со цел да изврши дотур на семенски материјал, но поради стрмен терен тракторот почнал сам да се движи. Ј.П. се обидел да го сопре, но не успеал, по што паднал и најверојатно тркалото од тракторот или сеалката поминало врз него. Ј.П. во свесна состојба преку мобилен телефон повикал помош, по што е однесен во Клиничка болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Истиот ден во 21,45 часот, од здобиените повреди Ј.П. починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, стои во билтенот на МВР .