Закани кон рускиот претседател Путин

0
485

Руските служби добија вчера десетици закани против претседателот Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Имаше десетици извештаи за околу 50 експлозивни направи на патот моторизираната придружба на претседателот кон Санкт Петербург. Ниту една не е потврдена“, рече Песков, цитиран од ТАСС.

„Путин беше информиран за заканите, но неговите чувари ги презеле сите неопходни мерки, распоредот на работата на претседателот за истиот ден не беше прекинат“, изјави портпаролот.

Засега, идентитетот на заканувачите не е јасен“, додаде Песков, додавајќи дека повиците биле примени од друга земја.