Започна седницата за избор на Влада

0
619

Собранискиот спикер Талат Џафери денеска ја започна втората седница на Собранието, на чиј дневен ред е расправа за составот и за програмата на новата Влада која  ја претстави мандатарот Зоран Заев.

Џафери на денешната седница, прва по настаните од 27 април, рече дека до исполнување на договорот за законот за јазиците помеѓу парламентарното мнозинство седниците ќе ги води на македонски јазик.

Како што вели тој, тоа е со цел да се покаже ниво на толеранција за градење на  работата во Законодавниот дом.

Антонио Милошоски во процедуралната забелешка го обвини Џафери дека го крши Деловникот во делот на употребата на јазиците, поради поздравното обраќање на албански јазик и укажа дека за него и неговата партија и натаму е споредн неговиот избор за спикер.

Џафери во овој контекст, побара од Милошоски да одлучи дали ќе му се обраќаат како на претседаел на Парламентот или како на пратеник, бидејќи како што рече, како пратеник има деловничко право да одговара на својот мајчин јазик.

Исто така побара од пратениците на ВМРО ДПМНЕ да се изјаснат дали се дел од пратеничка група или настапуваат самостојно, бидејќи како пратеничка група имаат обврска за тоа да го информираат претседателот на Парламентот, што досега не е направено.