Затворски казни за објавување лажни вести

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Конгресот на Никарагва усвои закон со кој се регулира што може да се објави на социјалните медиуми и во вестите, потег критикуван од критичарите како дрзок обид да се задуши противењето на претседателот Даниел Ортега, објави агенцијата Макфакс.

Според таканаречениот Закон за компјутерски криминал, затворски казни до четири години можат да бидат изречени за секој кој е прогласен за виновен за објавување лажни вести на социјалните мрежи или во вестите. Оние што ќе откријат информации кои не ги одобрила владата се соочуваат со казна затвор од четири до шест години, додека оние кои откриваат информации што ја загрозуваат националната безбедност се соочуваат со затворска казна од осум години.

Ортега се очекува да го ратификува законот, за кој гласаа 70 од вкупно 91 член на законодавниот дом. Усвојувањето на законот предизвика критики од опозиционите активисти и медиумските организации.

„Овој закон ја нарушува слободата на изразување на граѓаните, медиумите и социјалните мрежи. Тој бара жртвено јагне во опозицијата и медиумите што не е под контрола на владата”, рече опозицискиот пратеник Азучена Кастиљо.

 

Share.