Заврши конститутивната седница на Собранието

0
269

Со 62 гласа „за“ и ниту еден глас против, заврши конститутивната седница на Собранието со избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, кои беа предложени пред „крвавиот четврток“.

За претседател на комисијата е избран Илија Димовски, за негов заменик Зоран Илиоски, а за членови Антонио Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стевананџија, Благица Ласовска, Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зеќири, Ивана Туфегџиќ, Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими.

Со салата не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.