Зелен снег на Антарктикот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Зелениот снег што настанал од цветањето на алгите на Антарктикот, најверојатно ќе се шири со зголемувањето на температурите, што е последица на климатските промени, велат истражувачите, откако ја направиле првата мапа на овие организми и нивните движења.

Според студијата објавена во списанието „Nature Communications“, зелената снежна алга е микроскопска доколку се мери поединечно, но кога организмите растат во исто време, снегот станува светло зелен и може да се види дури и од вселената, велат истражувачите.

Антарктикот е дел од регионот кој го доживеал најбрзото затоплување во втората половина на минатиот век.

Share.