Земјотрес од 5 степени во Егејското Море

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во Егејското Море во реонот на округот Измир, соопшти турската телевизија НТВ, повикувајќи се на Дирекцијата за управување при катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина 9,88 километри, недалеку од градот Карабурун. Потресот е регистриран во 05:48 часот и е почувствуван во Измир, Карабурун и уште многу градови во регионот.

Share.