Земјотрес повторно го стресе Охрид

0
1268

Два часа по полноќ нов земјотрес го стресе Охрид. Според првичните информации земјотресот кој бил почувствуван во 2 часот и 12 минути бил со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 9 километри североисточно од селото Косел и истиот бил на длабочина од 2 километри.

Тлото не мирува – охриѓани повеќе од 20-тина дена ноќите ги минуваат под отворено небо во шатори. Од 18-ти јуни па сè до денеска во охридскиот регион се регистрирани повеќе од 1.100 земјотреси, меѓу кој најсилниот се случи на 3 јули и беше со магнитуда од 5 степени по Рихтер.