Земјотрес силен како две нуклеарни бомби

0
1078

Земјотрес од 6.1 степени вчера ја стресе Грција, а истиот е почувствуван и во Турција.

Сеизмолозите велат дека  ослободената енергија од овој земјотрес на Лезбос е еднаква на две нуклеарни бомби.

Иако сеизмичката ситуација се проценува како нормална научниците повеќе сакаат да почекаат да поминат 48 часа од земјотресот за да се осигураат дека вчерашниот земјотрес од 6,1 степен според Рихтеровата скала бил главниот. Северниот дел од Егејското море го тресат земјотреси,  сеизмичката активност трае околу 10 чувствителни потреси на час.

Во земјотресот загина една жена, а 15  луѓе се ранети. 43 годишната жена загинала од sидовите на својата куќа во Вриес кои се урнале врз неа. Девет од десет куќи во селото се урнати или тешко оштетени. Жителите на островот останаа на улиците во страв од нови потреси. Некои од нив изјавиле дека никогаш не почувствувале ваков земјотрес. Скоро 500 луѓе заминаа кај своите пријатели и познаници.  Властите почнаа да ги евидентираат штетите.

Земјотреси утрово имаше во Турција, Швајцарија, Романија и други земји.