Изложбата насловена „Life is a game, Art is life” (Животот е игра, уметноста е живот) , беше презентирана пред љубителите на уметноста, во културниот центар магаза.
Истата е дело на современиот ликовен уметник Љубица Мешкова Солак.
Се работи за седма нејзина самостојна изложба по ред а четвртта во Битола, која создава интерактивна комуникација помеѓу авторот, публиката и делото, што е карактеристично за уметничкиот профил на Солак.
После изложбата гостите присуствуваа на отварањето на ателјето Солак каде освен уживањето во одличнјот избор на музика на диџеј Иле косата, присутните имаа можност да уживаат во богатството на уметнички дела.
Со богатиот колорит во нејзините уметнички дела,Љубица создава автентичен авторски потпис.
Таа исто така е љубител и на модниот дизајн како уметничка експресија. Па така минатата година, Љубица презентираше проект кој вклучуваше поставка на нејзини уметнички дела во продавници на елитни брендови во Дубаи.