Златна камера 300 за италијанецот Џузепе Ротуно

0
417

Големиот светски кинематографер, италијанскиот великан Џузепе Ротуно е првиот лауреат на Златна Камера 300 за животно дело на годинешното 38. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.
Директорот на фестивалот Благоја Куновски Доре, истакна дека со доделувањето на Златната камера на 94-годишниот кинематографер се заокружува Клубот на великани на „Браќа Манаки“.
– Без овој великан на светската кинематографија, годинашниот лауреат на големата Златна камера 300 за животно дело, нашиот Клуб на великаните не може да се замисли. Неговиот опус кажува сѐ, тој е човекот кој ги сними најзначајните дела на великанот Фредерико Фелини, најважните дела на Висконти, а откако го покажа својот генијален потенцијал и најголемите режисери на американската кинематографија го побараа за да ја искористат неговата моќ, неговата креативна способност и сите резултати што потоа ги покажа работејќи со Мајк Николс, со Боб Фос го сними „Сиот тој џез“ и со други светски имиња, па така Џузепе Пепино Ротуно е гордост на нашиот Клуб на великани.

Наградата на Ротуно ќе му ја предаде неговиот ученик и исто така голем кинематографер Лука Гоасин.
Фестивалот ја презентираше и статуетата на Златната Камера 300 за животно дело, која ја изработи скултурот Димитар Филиповски.

Годинешното издание ќе се одржи од 23 до 30 септември.