Зошто закочија работите на улицата кај рибарниците?

0
2650

Два месеци газат во кал за да стигнаат до своите дуќани. Велат муштерии нема, а тоа е проблем за нивното работење. Сопственциите на дел од дуќаните за ова ја обвинуваат, како што велат, спората реконструкција на улицата во Старата битолска чаршија во делот кај рибарниците.

-Веќе два месеци е ископана улицата. Освен ние што неможеме да поминеме, и муштерии не можат да дојдат до дуќанот за да си купат она што им е потребно. Продажбата во споредба со минатите месеце, односно пред да се почне со реконструкцијата на улицата , е намалена за повеќе од 50%, велат дел од дуќанџиите

И со стоката која пристигнува кај нив имале проблем. Добавувачите мака мачеле за доставување.

– Вие сами гледате дека и добавувачите кои што ни ја носат робата до дуќанот, не можат да поминат. Сами да ја правевме побрзо ќе ја направевме, додаваат тие

И денеска имаше по некој минувач, автомобил, но не и машини кои работат на реконструкцијата на улциата. Дуќанџиите бараат од надлежните улицата што поскоро да им се направи.

-Бараме од надлежните што поскоро да се направи улицата, пред се за да може човек да помини, а потоа и за да можеме да го работиме нашиот бизнис, додаваат дуќанџиите

Oд општина Битола денес ни рекоа дека на улицата 1 ви Мај било направена промена на водата и канализацијата, се изведиле нови приклучоци, сега во тек била изведбата на коловозот, но поради врнежите од дожд кои што ја зафатија Битола минатата недела , имало застој од неколку дена, поради како што рекоа од таму несигурност на тлото.