На локалните избори во 2021 година, бројот на регистрирани гласачи, односно електоратот бил 82.054. На гласање излегле 43.975 гласачи или 53.59%. Ова е за гласањето на првиот круг. Во вторио круг излезноста била повисока 57.95%. Ова се податоците за изборите за градоначалник.
За кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата гласале 19.571 или 44.50%, за кандидатот на СДСМ и коалицијата гласале 17.926 гласачи или 40.76% проценти.

Движењето „Одлучно за промени“ предводено од ЛДП тогаш освои 3.343 гласови, група избирачи предводена од Зоран Лазаровски Паљо освои 1.082, за Демократи партијата на Јорго Огненовски 693 и за кандидатот на „Македонска ера трета“ 418 гласови.
Во вториот круг беа само двата кандидати на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. За кандидатот на ВМРО ДПМНЕ гласале 24.669 гласачи, а за кандидатот на СДСМ 21.936.

На гласањето за кандидатиските листи на советници електроратот бил 82.335, а на гласање излегле 45.577 или 55.36%.

Листата на советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата освои најмногу гласови 16.268 , на второ место беше листата на СДСМ и коалицијата со 14.303 гласови, потоа следуваа „Поинаку“ со освоени 4.331 гласа, Левица 2.966 , движењето „Одлучно за промени“ предводено од ЛДП освои 2.430 гласа, ДУИ 1.499 , осанатите листи беа со под 500 гласови.
Овие гласови беа пресликани вака. 13 советници за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, 11 за СДСМ и коалицијата, 3 советници „Поинаку“, 2 советници Левица, 1 советник тогаш ЛДП, а потоа по повлекувањето на советникот на негово место дојде следниот од листата, а тоа беше советничката на ДОМ и 1 советник од ДУИ.
Таква беше и е сликата на сегашниот Совет, а каков ќе биде распоредот на силите во новиот совет, ќе знаеме некаде во октомври. До сега само Коњановски партијата го потврди за кандидат, останатите молчат. Ниту пак за советници се знае кои ќе бидат носителите.

Битката ќе ја водат сите што се овде, но и други, кои се и внатре и надвор од Советот. А, дали ќе успеат да влезат или не, останува на времето и на тоа што и дали ќе сработат. Во меѓувреме новите измени на изборниот законик се во собраниска процедура, ако поминат, на што невладините се противат, тогаш за некој да влезе во изборна трка, а не е политичка партијата за Битола ќе му требаат да собери најмалку 800 граѓански потписи.












